ПСЖ мака мачи да го убеди Мбапе да потпише нов договор, се чини дека напаѓачот од лето како слободен играч ќе замине во Реал Мадрид.
Но францускиот клуб не се откажува, смислува варијанти како да го задржи Мбапе. Засега шансите не се големи за тоа, но тие ќе постојат се додека официјално не потпише со друг клуб.
Маурисио Покетино се надева дека Мбапе целата кариера ќе ја помине во ПСЖ.
„Се надевам дека Килијан Мбапе целата кариера ќе биде во ПСЖ, тоа би било многу добар знак за клубот. Се надевам дека токму тоа ќе се случи“, вели Покетино.
„Според мене, Килијан треба да се гледа како еден од најдобрите 5 во светот. Нема сомневање за тоа“.
Покетино се надева дека Мбапе ќе остане, но и неговата работа е загрозена. Се погласни се шпекулациите дека од следната сезона Зидан ќе дојде на негово место.