Димитриевски и Рајо Ваљекано ја загубија првата битка против Бетис (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Рајо Ваљекано иако цела сезона игра одлично на домашен терен, овојпат кога најмногу требаше попушти и го загуби првото полуфинале.

Натпреварот почна одлично за нив, веќе во 5. минута поведоа со 1-0 со гол на Гарсија.

Во 26. минута Бетис изедначи со гол на Иглезиас од далечина, а во 68. минута Вилијам Карваљо одлично се ослободи од еден од домашните дефанзивци, излезе сам пред Димитриевски и погоди за победа од 2-1.

Уште ништо не е готово, но со овој триумф Бетис направи крупен чекор кон финалето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×