197
Неофицијалните
информации говорат дека ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане ги известил своите
агенти дека би можел да си замине од клубот во летниот преоден рок доколку Реал
Мадрид и Барселона се сериозни во намерата да го ангажираат.
Сенегалецот се
приклучи на „Редсите“ во 2018 година по трансферот од Саутемптон, а мина доста
успешен период во клубот од „Енфилд“, освојувајќи ги Премиерлигата и Лигата на
шампионите, како и Светското клупско првенство.
Специјализираниот
фудбалски портал „Гол“ пренесе дека преговорите помеѓу Мане и Ливерпул околу
продолжување на соработката, односно нов договор не течат во напредна фаза, а
неговиот актуелен договор истекува идната година.