Лукаку го однесе Челси во финалето на Светското клупско првенство

by
1 минути читање

Челси не блескаше, но ја оствари целта, ќе се бори за титулата светски клупски шампион.

Англискиот тим беше подобар во првиот дел, а клучниот момент се случи во 32. минута кога Лукаку најдобро се снајде во една мешаница и постигна гол за водство од 1-0 што на крајот беше и конечен резултат.

Во второто полувреме Ал Хилал промаши неколку убави шанси, Кепа Аризабалага беше на висина на задачата и спречи изненадување.

Во финалето Челси ќе игра против Палмеирас кој синоќа со 2-0 го совлада Ал Ахли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×