1,3K
На Манчестер јунајтед не му оди најдобро, последен кикс направија вчера кога одигра само 1-1 на гостувањето кај Барнли. Многумина за неуспесите на тимот го обвинуваат и Кристијано Роналдо, но Дин Сондерс не се сложува со тоа.
Тој во изјава за „ТокСпорт“ ги нападна останатите фудбалери на Јунајтед нарекувајќи ги идиоти.
„Во еден момент можеа да водат и со 3-0, но потоа ја сменија играта. Почнаа да се распаѓаат. Доколку го прашате Роналдо: „Кои се најлошите играчи од средниот ред со кој си играл во кариерата?“ Фред и МекТоминеј би биле сигурно некои од тие. Луѓето го вперуваат прстот во Роналдо, но тој игра со некои идиоти а и другите не се на негово ниво“, вели Сондерс.