188
Обамејанг на промоцијата во Барселона, посочи дека во Арсенал имал одличен однос со сите освен со Артета и рече дека тој му бил единствениот проблем.
Шпанецот на прес-конференција беше запрашан што мисли за овие зборови на Обамејанг.
„Јас сум екстремно благодарен за тоа што Обамејанг го направи за Арсенал, за неговиот придонес за клубот. Но јас во целата оваа ситуација себеси се гледам како решение, а не како проблем“, вели Артета.
„Тоа дека јас сум проблем е негово размислување, тој го кажа тоа и треба да се почитува“.
Артета потврди и дека Лаказет е новиот капитен на Арсенал.