Мурињо: Мојот однос со Интер ќе биде вечен, овој стадион секогаш ќе биде мој дом, но и Рома е мој дом

by
1 минути читање

Мурињо беше пречекан на високо ниво од сите во клубот, и од раководството и од навивачите кои го скандираа неговото има и имаа пароли за него.

На теренот Интер ја победи Рома со 2-0 и ја исфрли од Купот на Италија.

„Начинот на кој бев пречекан, начинот на кој г-дин Жанг, г-дин Марота, Хавиер Занети ми го дадоа овој прекрасен подарок, луѓето кои беа супер, тоа е емоционално ниво. Можам само да им се заблагодарам на нив и никогаш не може да се замаскира фактот дека мојот однос со Интер е вечен. Не го кријам тоа“, вели Мурињо.

„Како и да е, јас дојдов тука да победам, дојдов тука за мојата Рома и навивачите на Рома. Не можевме да го добиеме мечот, но ако ги исклучам воведните пет минути, видов тим на Рома кој одигра многу добро против многу силниот тим на Интер“.

Мурињо откри каков подарок добил од челниците на Интер.

„Тоа беше стадионот во сребро со кристал и пишува ова е твојот дом, и секогаќ еќе биде мој дом. Исто сакам луѓето да знаат дека Рим е мој дома, и ја сакам мојата Рома и сум многу тажен што загубивме“.

„Имавме две големи шанси во првото полувреме, потоа по паузата се повеќе и повеќе мечот беше во наши раце. Го контролиравме, притискавме добро, ја освојувавме топката во средниот ред, имавме квалитет во завршната третина. Не креиравме многу шанси бидејќи се разбира Интер има квалитетни дефанзивци, но игравме добро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×