„Добредојде дома Жозе“ – Мурињо имаше убав дочек од фановите на Интер (ФОТО + ВИДЕО)

by
1 минути читање

Жозе Мурињо на Интер му ја донесе историската тројна круна со која тие се единствен клуб во Италија со таков успех.

Денеска Мурињо како тренер на Рома пристигна во Милано на меч против Интер, а навивачите на нероазурите му приредија топлодобредојде.

На трибините имаше неколку банери и знамиња во чест на Мурињо. На најголемиот пишуваше: „Добредојде дома Жозе“.

Мурињо ги поздрави навивачите на Интер, а тие го скандираа името на Португалецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×