Баерн го „пецна“ Зиле: Го поврзуваа со Реал и Сити, а тој отиде во Дортмунд!

by
1 минути читање

Никлас Зиле не
успеа да пронајде заеднички јазик со Баерн Минхен за продолжување на
соработката, го прифати предлогот на Борусија Дортмунд и по крајот на сезоната,
беспари ќе се пресели на „Сигнал Идуна Парк“.

Според Херберт
Хаинер, дефанзивецот прави чекор наназад, претседателот на Баерн испрати
провокација до Никлас Зиле.

„Се шпекулираше
со имиња како Реал Мадрид и Манчестер Сити, тој на крајот ја одбра Борусија
Дортмунд. Не знам дали тие беа неговиот прв избор. Ќе биде интересно да го
гледаме на другата страна, но ова не е ништо ново за нас. На Борусија Дортмунд
и го дадовме и Матс Хумелс“
– вели Херберт Хаинер.

„Не знам каква
плата Никлас Зиле ќе заработува во Борусија Дортмунд, но мислам дека не прави
чекор напред од спортски аспект“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×