Џовинко се врати во Серија А

by
1 минути читање

Поранешниот
напаѓач на Торонто и Ал-Хилал, Себастијан Џовинко ги засили редовите на
италијанскиот прволигаш Сампдорија, откако потпиша договор со тој клуб со
важност до крајот на актуелната сезона.

35 годишниот поранешен
италијански репрезентативец во Сампдорија доаѓа како слободен играч на трансфер
пазарот, а претходно во тоа првенство ги бранеше боите на Јувентус, Емполи,
како и Парма.

Сампдорија во
моментов по 24 одиграни натпревари се наоѓа на 16 место на табелата во Серија
А, односно со само пет бода предност од Венеција која е на позиција за испаѓање
од елитното италијанско фудбалско друштво, а има меч повеќе од таа екипа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×