178
Утре Милан на Сан Сиро го пречекува Лацио во четвртфиналето од Купот на Италија. Ибрахимовиќ во моментов се опоравува од повреда на ахиловата тетива и ќе го пропушти тој дуел. Се уште е нејасно кога ќе се врати.
Отсуството на Ибрахимовиќ го користи Жиру кој беше најзаслужен за победата над Интер.
„Златан е како лав затворен во кафез, тој има мотивација и амбиција да му помогне на тимот на терен, се надеваме дека брзо ќе се врати. Нема да биде подготвен за утре. Ќе видиме дали за мечот потоа ќе биде“, вели Пиоли.
„Жиру ја докажува својата вредност на теренот и го прави тоа што се бара од него. Тој е одличен фудбалер и човек. Тој е силен фудбалер кој е од исклучителна помош за тимот“.