1,K
Бреша се наоѓа на третото место на табелата со само два бода помалку од лидерот Лече, но и покрај тоа Пипо Инзаги доби отказ.
Се верува дека имало недоразбирања меѓу него и претседателот Селино, па тој чекал период на киксови за да има алиби за отказ.
Во последните две кола Бреша одигра нерешено со послаби противници, а газдата на клубот не чекаше многу за да му ја покаже излезната врата на Инзаги.