190
Заврши потрагата
на Барселона по нов спонзор, стриминг платформата Спотифај ќе го наследи
Ракутен на дресот на „каталонците“.
Како што пренесува
РАЦ1, Барселона и Спотифај договориле тригодишна соработка вредна 280 милиони евра.
Логото на Спотифај
ќе стои на дресот на машкиот и женскиот тим на Барселона, како и на тренинг
опремата.
Исто така, за прв
пат во својата историја, Барселона го продава името на својот стадион, па следната
сезона, Спотифај ќе стои покрај Камп Ноу.