Мане откри што му кажал на Салах по крајот на финалето на АФКОН

by
1 минути читање

Соиграчите од Ливерпул синоќа имаа дуел за тронот на Африка, на крајот, Сенегал на пенали го совлада Египет и Садио Мане беше тој кој се радуваше на трофејот од Африканскиот куп на нации, а Мо Салах падна на теренот со солзи во очите.

Откако поминаа силните емоции, Садио Мане му пријде на Мо Салах и се обиде да го утеши.

„Му кажав дека е голем фудбалер и дека ми е чест што играме во ист клуб. Имам огромна почит кон него, го даде максимумот за својата репрезентација. За жал, не победи. Но тоа не значи дека е крај за него“ – вели Садио Мане.

„Исто така му кажав дека може да освои уште многу трофеи, помеѓу кои и Африканскиот куп на нации во 2023. Имаат млад тим, па можеби еден ден ќе станат шампиони на Африка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×