Салах го известил Ливерпул дека сака да игра на мечот против Лестер

by
1 минути читање

Мохамед Салах не
успеа со својот Египет да го освои Африканскиот куп на нации, а загуби во
големото финале токму од Сенегал на неговиот тимски колега од Ливерпул, Садио
Мане.

Говорејќи околу
темата за тоа кога би ги имал на располагање Салах и Мане, шефот на стручниот
штаб на „Редсите“, Јирген Клоп посочи дека победникот од АФКОН би се вратил
подоцна, со тоа што според тоа сценарио сега Салах треба пред Мане да се врати
во тимот.

Очекувањата се и
двајцата да бидат во комбинација за настап против Лестер во четврток, особено
Салах, за кого се верува дека лично дал уверувања во клубот дека е подготвен за
настап и покрај напорниот период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×