Откриени нови детали за скандалот на Овермарс, на колешки праќал слики од својот пенис

by
1 минути читање

Утрово беше соопштено дека Марк Овермарс ја напушта функцијата спортски директор на Ајакс и покрај тоа што неодамна стави потпис на нов договор.

Легендата праќал непристојни поради до колешки, па затоа е приморан да се повлече од својата позиција.

Медиумите од Холандија сега откриваат нови детали, велат дека Марк Овермарс демнел една колешка, и праќал сексуално експлицитни пораки, вклучувајќи и слики од својот пенис, или популарно кажано „дикпикс“.

Скандалот избил откако генералниот директор Едвин ван дер Сар испратил мејл до целиот персонал на Ајакс и ги известил дека можат да се пожалат до двајца доверливи советници доколку се чувствуваат загрозени на работната позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×