2,K
Антонио Ридигер игра фантастична сезона за Челси, но неговиот договор истекува во јуни и тој може да замине како слободен играч.
Челси се обидува да го задржи, но тешко му оди, барањата на фудбалерот се огромни.
Според сегашниот договор, Ридигер има плата од 100.000 фунти, Челси му нуди двојно повеќе од таа сума, но одговорот е негативен.
Наводно тој сака 250.000 фунти неделна плата плус милионски бонус за потпис на договор.
Се верува дека интерес за него има од неколку гиганти меѓу кои Баерн Минхен, ПСЖ и Реал Мадрид.
Во еден период Реал Мадрид важеше за фаворит за неговиот потпис, тие му понудиле 173.000 фунти неделна плата, но Германецот барал повеќе.