Уште еднаш се докажа дека најдобрите пеналџии не треба да се чуваат за петтата серија

by
1 минути читање

Многу тренери се одлучуваат најдобриот изведувач на пеналите да шутира пенал во последната серија. Но повеќе пати се покажало дека тоа е погрешно.

Пологично е пенал серијата да почне со најдобриот изведувач, бидејќи ако тој е последен, серијата можеби нема ни да стигне до него.

Таков беше случајот синоќа со Египет. Мохамед Салах беше одреден за петти изведувач, но двајца негови соиграчи промашија, па пенал серијата не ни стигна до играчот на Ливерпул.

„Токму затоа е вашиот најдобар пеналџија никогаш не треба да шутира петти. Мо Салах да не шутира пенал за Египет во пенал серија во финалето е лудо. Истото му се случи на Роналдо неколку години претходно на меч меѓу Португалија и Шпанија“, вели Џејми Карагер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×