По мечот со Јувентус, Калиниќ го раскина договорот со Верона и потпиша за Хајдук

by
1 минути читање

Калиниќ ги одигра последните 20 минути од мечот против Јувентус кој Верона го загуби со 2-0.

Веднаш потоа Верона излезе со соопштение дека го раскинале договорот со Калиниќ на взаемна согласност.

Веројатно оваа операција била договорена претходно, но тој останал и за мечот со Јувентус со оглед на тоа дека Џовани Симеоне беше суспендиран за вчерашниот дуел, а Капрари и Фараони се повредени.

Откако Верона соопшти дека го раскинува договорот со Калиниќ. Хајдук се пофали дека тој е ново засилување за нив.

Се верува дека Хајдук и Калиниќ се договориле за време на репрезентативната пауза, а сега само е потврдено неговото враќање во хрватскиот клуб.

„Враќањето во Хајдук е посебен момент во мојот живот. Сум поптпишувал договори со многу клубови, големи клубови, сум играл за нив, но Хајдук за сите нас кои сме пораснале тука, сите навивачи сме емотивно врзани за него“, вели Калиниќ.

„Ова е место каде сум пораснал, место на кое се здобив со фудбалска афирмација, тука се родив и тука се моите луѓе. Ќе дадам се од себе за да го задржиме овој добар момент и да ги развеселиме сите кои дишат за Хајдук“.

Калиниќ потекнува од младинската школа на Хајдук, за овој клуб го имаше и сениорското деби, таму се промовираше како фудбалер по што замина во Блекбурн и ја почна интернационалната кариера.

Хајдук во моментов е на четвртото место во хрватската лига со пет бода помалку од лидерот Динамо Загреб. Осјек и Ријека имаат по два бода повеќе, но и натпревар помалку од сплитскиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×