Инзаги: Десет пати да играме со Милан, само еднаш може да загубиме

by
1 минути читање

Интер одигра добро прво полувреме во кое водеше 1-0 против Милан, но росонерите со два гола на Жиру направија комплетен пресврт и го добија големото градско дерби.

„Тоа е фудбал. Ние доминиравме на секој начин, немавме острина на крајот, тие имаа среќа за првиот гол и беа паметни за вториот“, вели Инзаги.

„60 минути од мечот имаше само еден тим, момците беа револтирани за првиот гол, бидејќи веројатно имаше чист фаул врз Алексис Санчез и го загубивме нашиот фокус“.

„Во последните 25 минути не го контролиравме мечот како што тоа го правевме претходно. Знаеме дека ова е пораз кој боли, но силните тимови мора да се кренат и да ги анализираат грешките“.

„Доколку играме пак 10 пати, ќе изгубиме само еднаш. Знаеме колку е важно дербито, не заслуживме да загубиме, но тоа е фудбал“.

„Пред да го примиме израмнувачкиот гол, не му дозволивме на Милан практично ништо да прави. Ова е тешка лекција, но корисна“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×