Ридигер ја одбил и втората понуда од Челси, Германецот сега кажал НЕ на неделна плата од речиси 200.000 фунти

by
1 минути читање

Челси никако да
најде заеднички јазик со Антонио Ридигер за продолжување на соработката, Германецот
ги одработува последните месеци и веќе може да потпише пред-договор со друг
клуб.

Како што
пренесува Дејли Мејл, дефанзивецот ја одбил и втората понуда на „сините“, и
кажал НЕ на неделна плата од речисти 200.000 фунти.

Весникот додава
дека Антонио Ридигер во моментов заработува 100.000 фунти неделно, а првиот
предлог тежел 140.000 фунти неделно.

Се верува дека Антонио
Ридигер е среќен во Лондон и сака да остане на Стемфорд Бриџ, но останува да се
види дали Челси е подготвен да ја наруши структурата на плати за да го задржи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×