338
Шпанскиот чувар
од голот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа е прогласен за најдобар играч во
Премиерлигата за изминатиот месец јануари, со тоа што стана првиот голман кој
ја освоил оваа награда во елитното фудбалско натпреварување на Островот по
пауза од цели шест години.
31 годишниот Де
Хеа запиша 22 интервенции на голот на „Црвените ѓаволи“ во четирите одиграни
меча минатиот месец, со тоа што му помогна на својот тим да се искачи во топ
четири од табелата во Премиерлигата.
Последниот голман
пред Де Хеа кој го освоил признанието за најдобар играч на месецот во Премиерлигата
беше чуварот од мрежата на голот на Саутемптон, Фрејзер Форстер, во февруари
2016 година.