Утре со почеток
од 18 часот Интер на домашен терен го пречекува Милан во големото градско дерби
на Милано, во мечот од 24 коло од Серија А.
Шефот на
стручниот штаб на „Нероаѕурите“, Симоне Инзаги уверува дека утрешното дерби е
од големо значење за неговиот тим, меѓутоа додава и дека истото нема да биде
клучно во битката за титулата.
„Тоа ќе биде меч
со голем интензитет на теренот, исто така и многу интересен секако, ќе се
соочиме со многу тимови и предизвици, а утрешното дерби секако е од големо
значење“ смета Инзаги.
„Не верувам дека
ќе биде клучно во битката за титулата, бидејќи постојат уште многу натпревари
пред нас“ додаде тој.
„Видовме што се
случи претходно, бевме седум бода зад Милан, потоа ремизиравме и тргнавме на
една добра низа и разликата се стопи, ќе биде тоа доста важен меч, знаеме какво
значење има истиот за навивачите“ заклучи Инзаги.