Како што
известуваат на Островот, се верува дека Ливерпул и Манчестер Сити се сериозно
заинтересирани да тргнат во обид да го обезбедат потписот на младата ѕвезда на
Арсенал, Букајо Сака.
20 годишниот Сака
е од големо значење за тимот на Микел Артета сезонава, со тоа што постигна шест
погодоци, а реализираше и четири асистенции во 21 настап во Премиерлигата.
Но, проблемот на
Арсенал всушност може да се појави при евентуално необезбедување на место во
Лигата на шампионите за идната сезона, за што во моментов води битка на
табелата со Манчестер јунајтед, Вест Хем, но и Тотнем за четвртата позиција.
„ЕСПН“ наведува
дека Манчестер Сити и Ливерпул под будно око ги следат случувањата со Сака, а
воопшто не би изненадило обата клуба на лето да тргнат по младата ѕвезда на „Топчиите“,
а доколку не обезбедат место во топ четирите екипи од Премиерлигата, тоа би им
го олеснило патот до неговиот потпис.