Бендтнер за вечерта кога за 90 минути изгубил 400.000 фунти на рулет

by
1 минути читање

Никлас Бендтнер важеше
за еден од најголемите таленти во својата генерација, но никогаш не блесна и најчесто
беше во фокусот на јавноста поради промашувањата пред головите или глупостите кои
ги правеше надвор од терените.

Во разговор со
БиБиСи, Данецот открива како се обидел да го крене адреналинот со помош на
коцка, но за среќа на време се откажал од овој порок и се освестил откако изгубил
400.000 фунти за само час ипол поминат на рулет.

„Имав многу проблеми
со повредите. Не можев да ја најдам возбудата која ја имате кога играте пред
60.000 навивачи. Речиси ништо не го заменуваше тоа искуство. Само кога ќе
влезев во казино го имав тоа чувство“
– вели Бендтнер.

„Колку се
повисоки влоговите, толку посилно ве удира адреналин“.

„Изгубив 400.000
фунти на рулет за 90 минути, но успеав да повратам голем дел од парите и таа
вечер да бидам во минус само 20.000 фунти“.

„Кога се вратив
во хотелот, добро размислив и ми стана јасно дека тука е крајот на моите вечери
како голем коцкар. Не сакав да бидам само уште еден фудбалер кој ги изгубил
сите пари и не го користел мозокот“.

„Тоа беше
пресвртен момент, знаев дека тој животен стил не е за мене“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×