Анчелоти нервозно им се обрати на новинарите: Зошто ме прашувате за Бејл, Азар и Јовиќ, а не за Себаљос и Карвахал?

by
1 минути читање

Со гол на Беренгер во самиот финиш од мечот Атлетик Билбао го исфрли Реал Мадрид од Купот на Шпанија.

Карим Бензема е надвор од составот поради повреда, Анчелоти одлучи да ги игра Винисиус и Родриго и покрај тоа што тие пред два дека имаа настап за Бразил. Играчи како Бејл, Азар и Јовиќ го преседоа мечот на клупа.

На прес конференцијата по мечот Анчелоти беше запрашан зошто не ги играше Бејл, Азар и Јовиќ, а тој луто одговори:

„Зошто зборувате за Бејл, Јовиќ и Азар? Зошто не зборувате за Себаљос и Карвахал? Тие исто така не играа“, вели Анчелоти.

„Јас ги носам моите одлуки, но вие ако сте искрени ќе прашате и за Себаљос кој не одиграл ниту една минута и за другите кои беа на клупата а не играа. Сите тие се на исто ниво“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×