33-годишниот Наинголан од оваа сезона игра за Антверп, претходно целата кариера ја помина во Италија, почнувајќи од Пјаченца, па Каљари, Рома, Интер и повторно Каљари.
Антонио Конте кога беше во Челси сакаше да го ангажира Наинголан, но кога се затекнаа во Интер реши да се ослободи од него.
„Конте ме сакаше во 2016 година во Челси, тој дојде во Рома за да зборува со мене. Ми кажа дека ме сака во Челси. Тие ми ја понудија истата плата која ја заработував во Рома, што не беше доволно за да си заминам од Рим“, открива Наинголан.
„Конте е топ тренер, но не добив шанса од него во Интер“.
„Никогаш не се скаравме, но друг човек дојде за да ми каже дека треба да си одам. Јас преферирам луѓето да ми ги кажуваат работите во лице“.
Наинголан се отвори и за неговиот забавен живот.
„Не мислам дека останувањето до доцна и пушењето цигари е погрешно. Никогаш не ми било гајле за тоа што зборуваат другите луѓе“.
„Луѓето знаат се за мене бидејќи ме гледаат како се забавувам во клубови. Некои луѓе пијат повеќе отколку јас, но тие седат дома и никој не знае за тоа“.