194
Договорот на Брозовиќ со Интер му истекува по крајот на оваа сезона и тој од јуни ќе биде слободен играч, а веќе може да преговара и со други клубови.
Имаше информација во италијанските медиуми дека Интер и Брозовиќ си подале рака за нов договор со траење до 2026 година според кој Хрватот ќе добива годишна плата од 6 милиони евра.
Договорот бил вербален, но кога требало да потпише Брозовиќ побарал уште малку време за да размисли.
Се верува дека тој добил понуда од Барселона и поради тоа го одложил потписот на новиот договор со Интер.
Италијанскиот клуб е уверен дека на крајот сепак ќе потпишат со Брозовиќ.