Проблем за Наполи, Лозано изнесен на носилки на меч на Мексико (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Во текот на второто полувреме 26-годишниот фудбалер заработи повреда на рамото откако доби удар. Десната рака му беше имобилизирана и беше изнесен на носилки.

Веднаш бил пренесен во болница на дополнителни тестови. Наполи со официјално соопштение потврди дека Лозано се здобил со дислокација на рамото.

Се верува дека Лозано ќе треба да паузира околу два месеци за оваа повреда доколку му биде извршена операција.

Претходно слични повреди кои беа решени со операција имаа и Дрес Мертенс и Виктор Осимен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×