166
Ерлинг Халанд е
еден од најперспективните напаѓачи, па младиот Норвежанец е на радарот на сите
гиганти. Се очекува летоска тој да ја напушти Борусија Дортмунд, неколку
клубови се главни фаворити, а помеѓу нив е Баерн Минхен.
Во разговор со
Билд, Томас Милер даде свое мислење за можноста Ерлинг Халанд да го наследи
Роберт Левандовски, и кога беше запрашан дали е подготвен да го „храни“
Норвежанецот со асистенции тој кратко одговори: „Преферирам да ги хранам моите
коњи и зајци“.
Запрашан дали Роберт
Леванводски ќе замине од Минхен по крајот на сезоната, тој вели: „Тоа би било
изненадување, со оглед на тоа колку е добра ситуацијата за сите“.
„Но во фудбалот
се е можно“.