Арсенал му плати милиони на Обамејанг за да си оди од клубот

by
1 минути читање

Откако Артета го отпиша Обамејанг од тимот, беше јасно дека напаѓачот само би седел во клубот и би си ја добивал договорената плата без да даде конкретен допринос.

Откако не се најде клуб кој ќе плати за да го донесе Обамејанг во својот тим, се појави Барселона која изрази подготвеност да го ангажира напаѓачот.

Арсенал го ослободи Обамејанг од обврските и тој како слободен фудбалер потпиша за Барселона.

Според „Тајмс“, Арсенал му платил и 7 милиони фунти на Обамејанг за предвремен раскин на договорот.

Доколку во целост го одработеше договорот со Арсенал, Обамејанг ќе заработеше 25 милиони фунти. Па клубот направи математика дека со тоа што ќе му плати 7 милиони фунти сега, ќе заштеди 18 милиони фунти кои ќе требаше да му ги дава за плата до јуни 2023 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×