„Кориере дело
Спорт“ известува дека Матијс де Лихт од Јувентус е примарна цел на Челси за
засилување во летниот преоден рок, меѓутоа и клубот од Торино има желби за
засилувања токму од „Сините“ од Лондон.
Се верува дека „Старата
дама“ ја мониторира ситуацијата со дефанзивците Андреас Кристиансен, но и
Антонио Рудигер, а обајцата котираат мошне високо на листата на желби кај
италијанскиот прволигаш.
На двоецот од
Челси инаку им истекуваат актуелниот договори на лето, а досегашните преговори
со клубот од Лондон не вродија со плод.
Што се однесува
пак до ситуацијата со Де Лихт, неговиот договор со Јувентус истекува во 2024
година, а раководството на клубот од Торино во периодот кој претстои ќе мора да
донесе финална одлука за неговата иднина, едното сценарио е да му понуди нов
договор, а другото е да го продадат Холанѓанецот.