Португалецот Жоао
Кансело стана клучна фигура во тимот на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, а за
одличната форма и перформанси од негова страна, тој беше награден со подобри
услови и нов договор, а смета дека „Граѓаните“ имаат фудбалер во својот тим кој
во иднина може да биде најдобриот во светот.
„Во овој клуб јас
секогаш сум сигурен во успех, имаме многу квалитетни фудбалери, а имаме и млади
фудбалери на кои им претстои светла иднина“ рече Кансело, а потоа го наведе
токму Фоден.
„Фил Фоден ќе
биде еден од најдобрите фудбалери во светот, а можеби ќе биде и најдобар“
додаде тој, за што смета дека атмосферата во тимот е клучна.
„Атмосферата во
тимот е фантастична, а јас сметам дека токму тоа е еден од клучните фактори за
успех кои ќе ви го отворат патот за многу трофеи“ заклучи Кансело.