Хандановиќ и Перишиќ само под еден услов можат да останат во Интер

by
1 минути читање

Раководството на
Интер во периодот кој претстои ќе мора да седне на маса со првиот чувар на
мрежата од голот на таа екипа, 37 годишниот Самир Хандановиќ, како и 29
годишниот крилен напаѓач Иван Перишиќ.

Темата на разговор
секако ќе биде околу нивните договори, односно за продолжување на истите,
меѓутоа, во Италија наведуваат дека двоецот ќе мора да прифати помала плата
доколку посакува да остане во Милано.

Во Италија
известуваат дека Перишиќ не сака да има годишна плата помала од 5.5 милиони
евра, меѓутоа од Интер не се расположени да му понудат повеќе од 3.5 милиони
евра по сезона.

„Нероаѕурите“
претходно ја продолжија соработката со Лаутаро Мартинез, Алесандро Бастони,
Николо Барела, како и Федерико Димарко, а се верува дека Марсело Брозовиќ е
следен на програмата, за што во Италија тврдат дека Хрватот веќе дал зелено
светло за нов договор со важност до 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×