Навивачите на Манчестер јунајтед ќе можат бесплатно да ги заменат дресовите на Гринвуд

by
0 минути читање

Манчестер
јунајтед ги информираше своите навивачи дека оние кои посакуваат да ги заменат
дресовите на Мејсон Гринвуд, тоа ќе можат да го сторат бесплатно, а сето тоа
поради големиот скандал со младата фудбалска ѕвезда.

Гринвуд беше
уапсен откако неговата девојка го обвини за силување, напад, сексуален напад и
закани за убиство, за што просведочи дури и со фотографии на социјалните мрежи,
фотографии од кои јавноста беше згрозена.

Сепак, 20
годишниот фудбалер денеска беше пуштен на слобода откако плати кауција, а
полицијата секако ќе ја продолжи истрагата за овој случај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×