25 годишниот
фудбалер од средниот ред, Деле Али потпиша за Евертон, каде ќе игра под
кормилото на Френк Лампард, а тоа ќе биде обид за поранешниот англиски
репрезентативец да се врати на стариот колосек во својата кариера.
Деле Али го
загуби првотимскиот статус во Тотнем уште во периодот под кормилото на Жозе
Мурињо, ништо не се промени ниту со Антонио Конте, а големи се неговите
очекувања за тоа што претстои во дресот на „Карамелите“.
„Перфектно се
совпаѓаме, едвај чекам да почнеме со работа“ рече Деле Али.
„Разговарајќи со
сопствениците на клубот, како и тренерот, но и некои од фудбалерите утврдивме
дека сме на иста насока, посакуваме да имаме напредок, таков сум како особа,
сакам да напредувам“ додаде тој.
„Јас сметам дека
нема ништо за што можеме да кажеме дека е доволно, секогаш треба да посакуваме
нешто повеќе, повеќе погодоци, повеќе победи…“ наведе тој, а потоа го коментираше и Лампард.
„Френк е
неверојатен тренер, исто така и неверојатна особа, тој ме знае многу добро како
фудбалер, а јас добро ги познавам неговите тактики, а добро знам и на каков
начин работи, можам многу да научам од него“ заклучи Деле Али.