Германскиот министер за здравство се понуди лично да го вакцинира Кимих против ковид-19

by
1 минути читање

Џошуа Кимих беше
еден од малкумината фудбалери кои решија јавно да проговорат за вакцините
против ковид-19, фудбалерот на Баерн Минхен изјави дека не е антиваксер,
едноставно е загрижен поради тоа што нема долгорочни студии.

Но откако Џошуа
Кимих се зарази со ковид-19 и коронавирусот му направи оредени компликации,
фудбалерот од средниот ред призна дека погрешил и најави дека ќе се вакцинира.

И додека ѕвездата
на „баварците“ и репрезентацијата на Германија чека да помине одредено време по
инфекцијата, министерот за здравство, Карл Лаутербах се понуди лично да го
вакцинира.

„Се нудам лично
да го вакцинирам и ќе му ги објаснам сите ризици. Мислам дека ризиците се
многу поголеми доколку решите да не се вакцинирате“
– вели Лаутербах во разговор
со магазинот Бунте.

„Никогаш не сум
го судел поради тоа што не сака да се вакцинира, неговото тело е негова сопственост
и сосема е нормално тоа што имал одредени стравови“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×