Една изјава покрена лавина шпекулации, Јувентус летоска ќе пазари во Рома?!

by
1 минути читање

Николо Заниоло
важи за еден од најперспективните фудбалери во Серија А, двете тешки повреди на
коленото го забавија неговиот напредок, но и понатаму се очекува тој да стане
голем играч.

Спортскиот
директор на Рома, Тиаго Пинто синоќа беше запрашан за иднината на Италијанецот,
и само кратко одговори: „Не можам да гарантирам дека ќе остане следната
сезона, никој не може да гарантира“.

Ваквата изјава
покрена лавина шпекулации, голем број на весници од Италија веднаш го поврзаа
Николо Заниоло со Јувентус.

Газета дело Спорт
пишува дека агентот на фудбалерот во декември разговарал со лидерите на
Јувентус и веќе почнале да се поставуваат темели за трансфер.

Тутоспорт пак
пишува за можна трама во која ќе биде инволвиран Вестон Мекини, фудбалерот од
средниот ред е особено интересен за „волчицата“ поради тоа што исто како
сопствениците, доаѓа од САД.

Спортмедиасет пак
пишува дека Јувентус би можел да го жртвува Матајс де Лихт и да го продаде
дефанзивецот со цел да се приберат средства во случај Рома да инсистира на
зделка во која ќе биде користен само кеш. Николо Заниоло се проценува на околу
40-50 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×