260
На почетокот од
оваа недела, германскиот весник Билд објави дека Килијан Мбапе се сели во Реал
Мадрид за луда плата од 50 милиони евра по сезона.
Со слични
информации сега излезе и поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гаспарт.
„Ќе ви дадам една
ексклузивна вест. Килијан Мбапе веќе има потпишано со Реал Мадрид. Сигурен сум,
добро го познавам Флорентино Перез“ – вели Гаспарт.