Челси не купи никого во јануари но летоска ќе потроши преку 300 милиони, три имиња се на радарот

by
1 минути читање

„Сините“ беа прилично
тивки изминатиов месец, но тоа било само стратегија и подготовка за летниот
преоден рок.

Според пишувањата
на Атлетик, Томас Тухел и раководството на Челси се договориле да не прават
големи инвестиции во јануари, и сите средства да се насочат кон летниот преоден
рок.

На радарот се три
имиња, Жил Кунде од Севиља, Деклан Рајс од Вест Хем и Орелиан Чуамени од
Монако. Се работи за тројца перспективни фудбалери кои чинат многу и клубот од
Стемфорд Бриџ може да потроши преку 300 милиони евра за нивен ангажман.

Челси исто така е
во контакт со Осман Дембеле и опипува терен за соработка, Французинот би пристигнал беспари со оглед на тоа дека му завршува договорот со
Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×