Во јануари,
Барселона се обиде да му најде нов клуб на Осман Дембеле откако стана јасно
дека напаѓачот нема да потпише нов договор.
Жоан Лапорта
откри дека пристигнале две добри понуди, последната од клуб од Премиерлигата,
но Французинот не сакал да направи трансфер.
Барса не се
откажува од намерата Осман Дембеле да замине, и според пишувањата на Марка,
понудена му е исписница, односно одврзани раце надвор од преодниот рок да
потпише за друг клуб како слободен играч.
Но Осман Дембеле
не го прифаќа ниту ова, тој нема намера да замине, сака до крај да остане на
Камп Ноу и да си наплати до последно евро.
На Барселона и
останува опцијата да му го раскине договорот, но тоа ќе значи исплаќање на целата
сума која му следува до 30. јуни.