Лапорта откри криминал од 30 милиони евра, спорни се два трансфери

by
1 минути читање

Барселона го повика обвинителството да отвори истрага за работењето на претходниот борд на директори  предводен од Жозеп Мариа Бартомеу, откако форензичкото сметководство што било спроведено од трета страна покажало криминал од околу 30 милиони евра.

Спорни се исплати на новинари, адвокати, провизии на агенти од преку 30% кога вообичаена пракса е провизија од 5% како и исплата од 15 милиони евра на клуб од првата лига на Шпанија.

Според медиумите, сомнителени се два трансфери, на Малком од Бордо и Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, и исплатите кои се правеле при овие две зделки.

Се верува дека исплатата од 15 милиони евра за која говореше Жоан Лапорта денеска е поврзана со трансферот на Антоан Гризман. Атлетико Мадрид ја обвини Барселона за нерегуларности, дури достави и жалба до федерацијата, па за случајот да не заврши на суд, двата клуба најдоа необично решение, односно „каталонците“ платија 15 милиони евра, пари кои не беа поврзани со трансферот, и официјално се водеа како добивање прва опција за ангажман на играчи како Саул Нигез, Хозе Мариа Хименез и неколку млади фудбалери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×