20 годишниот
фудбалер на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд предизвика голем скандал на
Островот но и пошироко откако неговата девојка излезе со шокантни сведоштва на
социјалните мрежи за злоставување од негова страна, но и силување, за што
објави и фотографии.
Гринвуд непожелен во Манчестер, еве кои ѕвезди го отследија на социјалните мрежи
Многумина колеги
на Гринвуд од составот на „Црвените ѓаволи“ веќе го отследија на социјалните
мрежи, а последно на оваа тема е веста дека тој е отстранет од популарната
видео игра ФИФА 22, во најновото, денешно освежување на самата игра.
Гринвуд беше
уапсен, а воедно покрената е постапка против него, а што се однесува пак до
Манчестер јунајтед, од клубот се одзваа со тоа што наведоа дека нема да даваат
коментари и ставови додека тече истрагата за овој случај, односно додека не се
сумираат фактите за истиот.