Сари се налутил поради неактивноста на Лацио во преодниот рок за трансфери

by
0 минути читање

„Ил Месаџеро“
известува дека шефот на стручниот штаб на Лацио, Маурицио Сари е доста гневен
поради слабата активност на клубот од Рим во јануарскиот преоден рок за
трансфери.

Дополнително
весникот наведува дека иако претседателот на клубот, Клаудио Лотито подготвувал
понуда за нов договор за Сари, сепак тој истата ќе ја одбие доколку не
учествува во клупските одлуки во иднина.

Се верува дека
искусниот фудбалски стратег посакувал засилување во дефанзивната линија на
Римјаните, како и во средниот ред, но замена за Ведал Муриќи кој во последниот
ден од рокот за трансфери се приклучи на Мајорка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×