„Феноменот“ има
две титули од Светските првенства, но на мундијалот во 1994 година како тинејџер
беше резерва и не одигра ниту една минути.
„Научив многу од
Ромарио и Бебето. Беа инспирација за мене и покрај тоа што Ромарио беше кучкин
син, ги тераше помладите фудбалери да му ги чистат копачките и да му носат
кафе“ – открива Роналдо.
„Неколку години
подоцна, во 1997, веќе бев важен играч. За
време на тренинг камп пред Копа Америка, Ромарио ми пријде и ми рече, „Биде
подготвен, вечерва ќе се журкаме, не се грижи“. Имаше подготвено скала за да
избегаме од хотелот, надвор не чекаше такси. Се вративме во 5 часот наутро, бев
толку уморен што едвај тренирав следниот ден“.
„Потоа разбрав
дека Ромарио намерно го сторил ова за да ми го земе местото во стартниот
состав“.