183
Финишот од преодниот рок беше возбудлив за навивачите на Евертон, клубот направи значителни промени.
Најпрво Френк Лампард беше назначен за наследник на Рафа Бенитез на тренерската позиција, а потоа беа промовирани две сериозни засилувања во средниот ред.
Најпрво беше комплетирана позајмицата на Дони ван де Бек од Манчестер јунајтед.
А потоа пред самиот истек на преодниот рок Деле Али од Тотнем се пресели на Гудисон парк потпишувајќи две ипол годишен договор.
Евертон во моментов е дури на 16. место на табелата во Премиерлигата, има само четири бода повеќе од екипите кои се во зоната за испаѓање.