Каков пресврт: Обамејанг би можел да се врати во Лондон, најавува „Скај Спортс“

by
1 минути читање

„Скај Спортс“
тврди дека трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал во Барселона е доста
неизвесен, со тоа што истиот медиум додава дека преговорите застанале во однос
на финансиските детали.

Горе наведениот медиум наведува
дека преговорите помеѓу Арсенал и Барселона добиле застој околу прашањето за
тоа колкав износ од платата на напаѓачот ќе покрива Барселона.

Времето истекува
за Барселона да склучи договор со Арсенал, особено со барањата на „Топчиите“, а
сега големи се очекувањата Обамејанг да се врати во Лондон.

Дополнително, се шпекулира дури и дека 32 годишниот Габонец не пристигнал во Барселона за трансфер во тој клуб, туку да го посети своето семејство, а не да има преговори со клупските претставници од „Камп Ноу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×