219
Како што
известуваат од „Скај Спортс“, се вели дека во Арсенал се изненадени од фактот што
нивниот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг пристигнал во Барселона пред да се
официјализира договорот помеѓу обата клуба.
Се верува дека финансиските
детали во преговорите се уште не се договорени, а преговорите се уште се водат
и во однос на тоа колкав износ од платата на Габонецот ќе покрие Барселона.
32 годишниот Обамејанг
наводно веќе прифатил помала плата за да се реализира неговиот трансфер кој
инаку ќе биде позајмица.