Дејвид Орнштејн
од „Атлетик“ извести дека 29 годишниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Џеси
Лингард наводно добил зелено светло од тренерот Ралф Рангник дека може да си
замине од клубот доколку го посакува тоа.
Се верува дека за
офанзивецот веќе има доста подобрени понуди од финансиска гледна точка, особено
од Њукасл и Вест Хем, па останува дилемата каква ќе биде финалната одлука на
фудбалерот.
Лингард лани имаше
полусезона во дресот на Вест Хем за паметење, откако на 19 настапи успеа да
постигне девет погодоци, а да запише и пет асистенции.
Вреди да се додаде и известувањето на Крег Хоуп од „Дејли Мејл“, кој тврди дека Лингард им се доверил на своите блиски пријатели дека го преферира Њукасл.