Дембеле е понуден на Арсенал?

by
1 минути читање

Како што е веќе
познато Пјер-Емерик Обамејанг пристигна во Барселона во пресрет на неговата
позајмица во тимот од „Камп Ноу“, кој наводно според пишувањата на „Индипендент“
на Арсенал му го нуди Осман Дембеле.

Обајцата
фудбалери не се во преден план кај своите тренери, па така би можеле да ги
разменат дресовите, со тоа што „Марка“ извести дека Дембеле и прави одредени
проблеми на Барселона со тоа што не сака помала плата од актуелната, а беше
поврзуван и со Манчестер јунајтед, Челси, како и Тотнем.

ПСЖ е исто така
клуб кој под будно око ги следи сите случувања околу Дембеле, меѓутоа повеќе
медиуми известуваат дека Парижаните би сочекале до летниот преоден рок, период
кога договорот на Французинот со Барселона истекува.

Дека ПСЖ го
ставил Дембеле на „стенд-бај“ говори и веста која ја пренесе „Ле Паризиен“, од
каде наведоа дека овој трансфер е тотално неверојатен во јануарскиот преоден
рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×